Уште една поента која тука накусо треба да се одбележи е дека доколку некој е подготвен да прифати едно интенционалистичко објаснување на разбирањето заедно со гледиштето дека стекнувањето и употребата на она што на тој начин е разбрано, е нужно јавна, со тоа би го прифатил она што понекогаш се нарекува „обременет” поим на содржината, но не оној во кој менталните содржини треба да бидат индивидуирани преку објективно сфатените состојби на светот, т.е. состојби кои постојат независно од она што од нив го прави заедницата преку која се стекнува содржината за која станува збор и од чија страна се ограничува нејзината употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Витгенштајновото влијание врз оваа важна област на истражување е упадливо негативно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Терапевтот го користи јазикот да ги поттикне физичките состојби кои се јавуваат во ситуација на споделување на чувствата, доверба, слушање, заинтересираност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа првична слика, според мене, тој прв допир со видливото е насцендентна состојба која бесконечно еманира импулсна емотивна материја во просторот на творечката свест.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Запрепастената и изнамачена урнебесност со која машката геј-култура ја гледа таа глетка укажува колку јасно ја восприема свирепата бесмисленост на сопствената состојба која се огледува во неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А кампот ги исмева работите не од положба на естетска надреденост туку од положба што ѝ е присушта на жалоснaта состојба на немање сериозни морални и естетски стандарди – состојба која со љубов ја разработува и проширува, великодушно или агресивно, за да ги опфати сите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Има во суштината на животот состојби кои не можат да се откријат со моќта и на најсреќно избраните зборови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со парична казна од 100.000 до 200.000 МКД ќе се казни за прекршок работодавач – правно лице, ако на работник кој работи со скратено работно време му наложи да работи преку договореното време (чл. 264, ст.1, ал. 12 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Инвалидност постои кога кај осигуреникот, поради промена во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност [професионална неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)