Нивното внимание посебно го привлекло одржувањето на „состанокот на партизанските лидери и делегати од грчка Македонија“ во Битола на 3 декември 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ние се повлекувавме збунето кон излезот, измислувајќи комплицирани приказни за дополнителни часови, за состанок на кружокот по природни науки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Благодарение на врската со Сврделот, јас имав можност да влезам во неговата куќа и да си ја одржувам надежта да ѝ се приближам на Гала, на сестра му, која веќе беше точка на дневен редна еден од состаноците на Комитетот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го кажав тоа бесно и гневно, не затоа што ми пречеа ората и народната песна, туку тоа што Луција не ме удостои со ниту еден поглед, откако почна состанокот на литературниот кружок.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
9. По еден состанок на Грамос, ме втаса курирот и ме враќа назад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На Конференцијата на Јалта македонското прашање не било поставено на дневен ред ниту на седниците на големите тројца, ниту на состаноците на министрите за надворешни работи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Својот став за македонското прашање САД го дефинирале со Велика Британија уште пред почетокот на Јалтската конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И додека Џеки и Белчо претставуваа голема радост за децата, за нивните родители станаа голема грижа, па затоа на еден состанок на куќниот совет се разви широка дискусија - токму за нив.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
На состаноците на училишната еколошка секција велиме дека кога ќе пораснеме, кога ќе се вработиме, па и ќе дојдеме на раководни места - ќе се грижиме нашиот град да биде нормално чист - да го смени ликот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се запознавме во дворот пред зградата. На состанок на станарите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во стилот, како е кај вас, граѓанко, во поглед на дефектите на водоводот и канализацијата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)