Макар окупатори, француските офицери, од резервниот состав во цивил носители на различни професии, во најголем дел интелектуалци, беа добро примени и почитувани од населението, додека командантот на зоната, подоцна бригадниот генерал Едуар Огист Иполит Мортје, го имаше Татко за свој преведувач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многу сакав да одам со нив, оти веќе сме летувале заедно во тој состав во Маврово и ептен убаво сме си поминувале.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дени е цар! Нему никогаш не му е досадно да нè забавува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Објавуваа за неа главно вести, и поретко, пошироки информации за претстојните настапи на составите во кои Агата Голдблум учествуваше, неретко и како солист.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во рок составите во кои свиреа беа популарни патувачките хитови од типот „Somebody calls me Sebastian“ и „Lacy on the sky of diamonds“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сега, патувам со авион, кога ќе ме поканат на некој симпозиум, спијам по хотелски соби, кои во сеќавањето се рециклираат во една безлична соба со божемен уметнички акварел.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се наоѓам во новиот пратенички состав во собранието на Македонија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)