соспа (имн.) - снег (имн.)

Маказар е поставено на височина и го фаќаат ветришта што во зима прават големи соспи снег.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Маказар е поставено на височина и го фаќаат ветришта што во зима прават големи соспи снег.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Соспите снег никој не ги стругаше така како Бошко, и пред куќата, и пред дуќанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имав чувство дека ќе изедеа и нога од слон, само ако ја имаа пред себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Зимата е на стотина чекори од ова место, - пресмета, додека парталите на него се испаруваа. – Гладни, студот ќе не собере и ие за вечни времиња ќе бидеме три мумии под соспи снег.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Возот почна да подзапира, се слуша за големи намети на пругата, за длабоки соспи снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само, кој како се судрил со соспата снег, се кутнал и потонал во длабок сон.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Едно кафе, молам“, му се обрати на момчето што и понатаму стоеше како да е закопано во длабока соспа снег.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Сѐ ова се таканаречените породилни маки при освојувањето на повисоки позиции на општествените скалила“, заклучи заобиколувајќи ја последната соспа снег.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се враќаме дома, а нема каде да се измиеш, вода да си префрлиш. Јазот е замрзнат, коритото е преполнето со соспи снег, израмнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)