сослушување (имн.) - на (предл.)

За поправањето на пресудата судот може да одлучи без сослушување на странките (чл. 331, ЗПП). 5.  Во судскиот систем судската власт ја вршат основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на РМ (чл. 22, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во таков случај рокот за изјавување на правен лек во поглед на поправениот дел на пресудата тече од денот на доставувањето на поправениот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поканата за рочиште на кое ќе се сослушува странка – ќе се назначи дека на рочиштето ќе се изведува доказ со сослушување на странките и дека странката што ќе дојде на рочиштето може да биде сослушана во отсуство на другата странка (чл. 253, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, на подготвителното рочиште, ќе ги предупреди странките за последиците од изостанок на главната расправа (чл. 278, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оваа казна ќе се казни странка која при изведување доказ со сослушување на странки во процесна или во управна постапка ќе даде лажен исказ, а врз овој исказ е заснована одлуката донесена во таа постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вештакот има право на надоместок на патните трошоци и на трошоците за исхрана и ноќевање, на надоместок на загубената заработка и на трошоци за вештачење, како и право на награда за извршеното вештачење (чл. 241, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сведок, вештак, преведувач или толкувач кој пред суд или во управна, прекршочна или дисциплинска постапка ќе даде лажен исказ – ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)