сопруг (имн.) - на (предл.)

И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во досието на службите тој е заведен како Пламенчо Насков. Јасно е, нели? Тој е легитимен сопруг на жената со која разговара.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја изведов точката беспрекорно; на еден необично, гротескно висок кревет, што го бевме направиле специјално за таа намена, лежеа, во прегратка Луција и Земанек, а јас со скалата, потпрена на ништо, во воздух, се обидував да се качам и да видам што прават; јас бев, наводно, глупавиот сопруг на Луција, а Земанек нејзиниот љубовник. Луција П беше Петрунела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Камилски свечено објави дека конечно нивниот бој со османските заемки во кој немало ниту победници ниту поразени е завршен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Во тие денови било обичај жените на ѕидарите да им го однесат ручекот на своите сопрузи на работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)