ПИСАТЕЛОТ: „За одамна веќе познатото, како што би рекол Шекспир, - со врескав глас се соопштува“. (На репортерот.) А што имате вие да кажете, сонце мое?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се шетам по собите и ги гледам. И не можам да им се нагледам. Сонцата мои за три светови.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Многу сме загрижени сонце мое, оти вака долго лежиш болна.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)