Нурнат малку нанапред со двете раце, десната ступаничена, се потпира на колената, и зашто сонцето му бие право в очи а не свикнал на него, цели седум дена не излегол на сонце, со напор со искосува малку влево.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сончевите зраци ги чека рипчето в езеро, река, сонцето му треба на ќосето црно, на мравчето, на житното зрно.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ама на Илка сонце му грее! Бркаданикот беше одамна готов и речиси истана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Исо за ништо не е виновен, вели; Хаџи Ташку сакаше да се бориме, тој и го има ова смислено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше нешто, што мораше да се носи во себе, а додека заминуваше под тоа црвеникаво сонце му се чинеше дури и дека е добра.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)