- Но, најблиску до Сонцето умираат тираните (непокорните завршуваат зад решетки) - простенкува ранетиот демонстрант, кој налегнат врз бандерата, блуе крв: - Лажното сонце треба да се симне...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сонцето му треба на славејчето да пее, сонцето треба и бубачките да ги згрее, сонцето им треба на нивите, на сливите, на смреките, на реките, на ливадите, на зградите, на прозорците, на луѓе, птици, елки и борови, по шуми, полиња, долови и дворови.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)