А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вистина сонце нема, не се гледа, но според светлината што струи од небото, и тоа е на заоѓање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Штом сонцето нема кај да зајде (Ко што и јас нема кај да зајдам) Кај да се побарам, каде да се најдам?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
А за такво пространство ти треба долго и широко небо, пошто во спротивно сонцето нема да ти заоѓа над океанот туку ќе заоѓа зад тој што издава скутери.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Таа сабота австралиското сонце немаше друга работа па печеше уште од високо, ни ја скусуваше глетката а најнакрај ни се пикна и во онака врелото кафе.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)