7. Во еден од жешките јулски денови, кога веќе сонцето беше на средината од својот пат, седеа во карпите над патот на Скала двајца луѓе под една наддадена стена во сенката и цврсто ги стискаа берданките, бришејќи си ја потта од набрчканите чела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Надвор беше сач. Августовското сонце беше во својот зенит и сипеше жар од небото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Третиот ден, сонцето беше на заоѓање и Јован требаше веќе да привршува со работа за дента.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пролетното сонце беше топло и тоа ја натера девојката да остане таму и да гледа како двајцата браќа работат на ѕидот од нејзината идна куќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потем лежевме под едно дрво и пушевме; тој пушеше и гледаше во небото; сонцето беше високо, сјаеше и денот беше доста топол; лежевме и само молчевме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Чувствував дека тонам; сонцето беше сосема ниско паднато во пејсажот, и сите нешта беа обоени со сосема чудни, невообичаено згаснати бои; како да висеше нешто во воздухот, некаков електрицитет; чувствував и некаква телесна возбуда; во еден миг го повлеков Лудвик кон себе и потем долго се бакнувавме на пругата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сонцето беше зад мене и биеше на голото ритче отспротива на кое беше куќата и, иако далеку преку долот, таа се гледаше јасно.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Над плажата се нишаа некакви чудни дрвја и уште почудни плодови се наѕираа низ нивните гранки, а сонцето беше веќе на заоѓање.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со тие зборови и друзи Силјан целата ноќ си ја поминал и одвај во зората беше мигнал малку, та кога се разбудил сонцето беше огреало.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Црвениот лав на сонцето беше како удрен по глава; таков ошумоглавен; тој беше се прибрал во тревите, гаснејќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во една приквечерина, кога сонцето беше зајдено отаде Вардар како скршен штит на паднат воин а откај Пчиња испливуваше месечината со ранетиот срп на бунтовникот во бладање.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Амбасадорите на поголемите земји како на САД, Франција, Германија... неврзаните Индија, Египет, неумоливо беа на наша страна, повеќе се интересираа за внатрешната ситуација во Југославија отколку за нашата улога во движењето на неврзаните, самоуправното искуство...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Стигнавме во тајната Арафатова резиденција, кога сонцето беше во залез и во небото поигруваа последните црвени жилки како небески крвоток.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Сполај ти, Господи, сполај ти оти сонцево грејт од кај што заоѓат овде!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Со тие зборои и друзи Силјан целата ноќ беше си ја поминал и одвај во зората беше мигнал малку, та коа се разбудил, сонцето беше огреало.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А сонцето беше толку силно и непопуштливо, никогаш толку долго не се задржувало во домот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сонцето беше погодено в срце, се топеше. Крвавеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Блесокот од сонцето беше заслепувачки, секоја златна дамка се зголемуваше и размножуваше.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Од исток сонцето беше отскокнало еден остен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сонцето беше се кренало високо на небото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сонцето беше среде небо. Реката тивко гргореше. Во сино-зелената вода се огледуваа врбите.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сонцето беше отскокнало високо. кога Трајче со Евто се накачуваа по падината кон Валјенова Ливада.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се случуваше, често, кога сонцето беше во залез, зад тврдината, на другиот брег од реката, Татко да нè повика нас, неговите верни сопатници, на патувањето со Балкан-експресот, на железничката станица.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сонцето беше напола потонато и, додека гледаше во него, со секоја секунда тонеше и преостанатиот дел.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)