сон (имн.) - ќе (чест.)

- Штом нѐ совлада ваков сон ќе јадеме некој огин! – прокоментира Никола кога се пробудија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Времињата си минуваа, развојот нас сѐ повеќе нѐ оддалечуваше од нашите прапредци, но заедничкиот сон остануваше, никако луѓето да се ослободат засекогаш од него и кога најмалку очекуваат, заедничкиот сон ќе ги потсети луѓето на нивните блиски...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му се доближи внимателно, како и секогаш кога сонот ќе го совладаше врз отворените книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Дали реков сѐ за Елена? Или сонот ќе го догради привидот кога ќе седне сенката во чунот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Ќе го закопаш гневот во метален сон Потоа сонот ќе го однесеш на ковач Да искове од него меч Сечилото ќе треба да отстои Во смрзнато срце на змија Растена на најлудо сонце Да блескоти Да блескоти Да блескоти Со вулканско црвенило“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Или навистина стануваше збор за обично влакно на полноќен гуштер? (Една од оние влечуги со коса низ која поминува патец од челото па сè до окото на опашот) А со перчиња збрани во плетенки што се влечкаат под шарената утроба на гуштерот Најпривлечни се сепак скапоценостите што сонот ги чува и оние што сонот ќе побрза да ги скрие кога ќе ги допре нашето будно око.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Босите нозе и правта се родени негде далеку но соништата ќе слезат и од белиот ѕид.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Или пак стануваше збор за сенките на сонот кои продолжуваа да се движат околу неа и тогаш кога сонот ќе го снемаше?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку зошто ќе ни требаше да се посомневаме дека некој непресметлив можеби дошол за да ни ограби некакво божемно богатство кое никогаш не постоело.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кој немал пари секогаш бил раат, а кој ги има: ништо да не му е, сам ќе дума и лоши соништа ќе сонува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ги склопи - во сонот ќе ми блеснеш ти сред тишината, во сиот сјај што целата ме опи, ко оние што блесна дни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Откако ќе се разбудеше, тргнувавме кон атељето на некој сликар, за да прашаме дали ги запознал, дваесетина години пред тоа, сликарот Фридрих Рихтер и неговата сопруга, но никој од нив немаше чуено за нив, и она следно прашање: „Од кого тие го посвоиле детето?,“ остануваше непоставено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш во сонот ќе офнеше, како што офка болен човек, и јас се приближував до него, обидувајќи се да ги разберам зборовите кои ги шепотеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од оваа ноќ пак сон ќе снема.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пајо, ме заборави ли? Крикнав во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Над колата леташе Гавруш Гаврушевски. Со гракање ја дополнуваше песната на ортаците и трговците со ништо. Опа, опа! Пупи Паф ќе копа!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Продаваме мал и ушлест рудар, нови утра од сон ќе нѐ будат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во споредба со она што го доживував, соништата ќе беа само матна лелеавост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога понекогаш од лошите сништа ќе му се разбрануваше душата, и лицето наутро кога ќе го погледнеше во огледалото, му се чинеше дека е разбранувано; и тогаш подолго време стоеше крај него замижан додека не му се смиреше ликот што му играше во огледалото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но, ако е сон ќе се разбудиш.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тој одеше на риболов и се враќаше од него, броејќи ги часовите до сонот: се надеваше дека сонот ќе му ја открие со тајни знаци неговата иднина и болката ќе му ја направи потапа: ако е Атиџе болна, колку е болна; ако пак е здрава, кога ќе ја види?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да ја даиш паур со ракиа. Да ја даиш пребела погача. Ќе се напие и сон ќе ја фатит.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа што вујко ми не ме прашуваше дали сум гладен или каде сум цел ден не ми паѓаше тешко, туку кога од првиот сон ќе се разбудев од некои нозе што поминуваа покрај мојата глава и влегуваа во заграденото од одајчето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во стеблото на еукалиптусот Коалите се живо сведоштво дека и без палата Можат да се сочуваат алтан соништа Ќе го речеш оној во вештачкиот базен бил алигатор Па што ако е алигатор Да не не може случајно да ми доскокне до сонот Алигаторот ти е како оние интелектуални ветрогони Многу ’рчи а ич не сонува Најпосле дојде времето на чистите сонови Само тие севезден лачат најволшебна влага
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кога ќе истечеше крвта од него, кога ќе запреше кркорењето, војниците го оставаа бикот, кој полека се смируваше и како во сон ќе спреташе полека со нозете, ќе ги издолжеше и ќе ги собереше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Велам: И соништата ќе се постават на своите места штом ќе излезам од ова време и влезам во другоно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Јас да сум, на сон ќе го убијам,а не да му спијам дома!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да видиме колку ти чини лозјето, па да направиме нов сенет уште колку ќе ми останеш борчлија и да ја свршиме работата...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Го прекинува.) Е, Арсене, сега соништа ќе раскажуваш! Остави!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но архитектурата можеби (кога сонот ќе стане стварност), ќе зачне една потполно нова низа од промени во уметностите, со помош на прилагодливите средства кои сега сѐ уште ни се непознати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дали кај некој од неговите потомци овој потиснат сон ќе избувне, ќе наложи излез, тоа повеќе не беше во кругот на неговиот живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа ќе речеше – еден ден и тој сон ќе ти се оствари, а дотогаш убаво е да го имаш и да го сонуваш, - но мене тоа воопшто не ме утешуваше, туку напротив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од сонување ми беше преку глава, а тој „еден ден” ми изгледаше толку далечен, што ме фрлаше во уште поголем очај таа нејзина, божем утешителна реченица.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)