сон (имн.) - уште (прил.)

„Ќе дојдам со тебе во Венеција,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ама, сонот уште повеќе ми е разбиен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една ноќ во која се разбудив а остатокот од сонот уште ме залажуваше дека Рајнер е крај мене на постелата, јас за првпат почувствував како заедно, како едно, ми чукаат срцето, утробата и меѓуножјето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш ми беа непознати таа слатка болка и тој горчлив копнеж да се даде нов живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Венеција беше нашиот сон уште од добата на нашата невиност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)