Седнував на моето седиште, ги затварав очите, но сонот никако не ми доаѓаше.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ги затвораш очите, а сонот никако не ти иде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само се превртувам, а сонот никако да ме најде, да ме подземе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се вртеше де на едната страна, де на другата. Сонот никако не ѝ идеше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Надвор имаше полна месечина и, не знам зошто, сонот никако не ми доаѓаше, иако чувствував дека ми ссе спие.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сонот никако не доаѓаше, бев во треска, во бунило, позаспивав и како штрекнат се будев, ме будеше некој непознат глас, ме довикуваше да станам!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Види го чавчево, како лесно си заспа! - зловолно мрмори остарената чавка, на која сонот никако не ѝ доаѓа: - Младост, лудост!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но сонот никако да им се одлепи од клепките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)