сон (имн.) - веќе (прил.)

На патот стојам суден, од сонот веќе буден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таму ни на сон веќе не треба да оди. Не на јаве...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не, лицето не му го гледам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некој ми зборува дека сум пораснат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зборовите негови ми светкаат во мракот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам зошто, но повторно, и пак повторно… доаѓа сонот, потоа она што го викаме живот; или сонот веќе е крај нас а ние и вистински сметаме дека сме будни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не се лажам, тоа го сонував во недела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби беше полноќ, можеби сонот веќе ме донесе до бреговите на нов ден, навистина можеби доаѓаше еден понеделеник-безделник, кога морничав крик удри врз нас со тежина на даб ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Исток се вестеше руменилото на Сонцето. Светлината на денот ја победуваше жолтата светлина на татковата ламба, а сонот веќе ги беше совладал Татко и Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)