Имено, оттогаш, откога бил еднаш запишан во тефтерот, истиот тој сон им се сонил уште на шест различни лица во различни времиња и секогаш се обистинувал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вчудоневидени ќе дознаеме дека споменатата пракса во работата на сонот им е својствена и на најстарите нам познати јазици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На многумина холивудските сништа им се лажни.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Скандалозно беше и тропањето на соседите (на кои од близината на диското сонот им беше одземен) по мојот ѕид, поради комодното поместување, макар помалку звучно од ритамот на басовите чиешто чукање го спроведуваа жилите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И секој ден го минуваа во страв и осчекување. Сонот им се одзеде.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сите се како часовник, за сон им време не стига, одат по стари огништа, дума по дума собират, седат на селски трапези, песна по песна бележат, сите се бујни, пргави, се млади, сѐ Македонци...
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Кога споредните патишта ќе ги снемало, патувале ноќе: царските друмови биле слободни само под закрила на мракот. Затоа преку ден сонот им бил посветол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа ги смирувало. Се чувствувале пречистени и лесни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Какви соништа им се вртат во тркалата на суриите велосипедисти, ролери и други далдисани во здрав живот?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сега сме тука кајшто сме талкајќи низ вековите се изнаслушавме врапчешки џивкања на соништата им стававме перници од теракота - ем црвени, ем вековити да бидат и така дојдовме до реката и тука научивме дека за да ја минеме реката сака да направиме мост и тука некој ѓоа во доверба ни шепна дека ако нема напред нема ни назад
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако веќе се знае дека животот е сон, времето може ли сонувач да биде?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Битието нивно, всушност, многу страда: што сонот им е полн со кошмарни слики исто како нивното јаве, а за капка љубов молат, клечејќи пред самите себеси во нивниот сопствен манастир.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сигурно сега соновите им беа споени и во нив заедно ги следеа јагулите на долгиот пат, пред денот што се вестеше со новите неизвесности.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)