ВЕНЕРА СО НАСТИНКА Секое попладне сонува еден ист сон Будејќи се над кафеанскиот мебел Ја прашувам има ли каде да преспие Не, одговара - само жмири од густиот чад Правејќи големи кругови од време на време Знам дека тое е еден ист сон пиејќи во друштво на таа девојка
глумејќи заинтересирано додека светлата не стивнат
Во темните часови е бескрајно тажно
Се трудам да не паднам во пустилото
што голта, испарувајќи од тие сиви очи
Сѐ до следниот пијалок - во мугрите возејќи се -
до другиот крај на градот
Обземена од заморот заспива првата клупа
галејќи ја росата...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)