На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кетрин без сомнение ќе го поткажеше на Полицијата на мислите, само да не беше премногу глупава за да ја почувствува неортодоксноста на неговите ставови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и ти, другар Даскалов, сигурно си имаш речено:"Кој знае какви проповеди му има одржано на Ивана оној Боге!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до шансите, за кои изразивте сомнение ќе ви спомнам едно мое доживување а вие самите извлечете заклучок.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Знам, како и обично, најмногу сомненија ќе и бидат препратени на совеста на Боге од Бањи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Признај дека така си велеше, другар Даскалов?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А пак на Боге кој знае какви инструкции ѓаволот му давал?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)