Гледа дека во него е згаснат секој пламен, па не се ни обидува да го пали оној тектонскиот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш во овој речиси проклет дел на Балканот, заробен во граници, француските офицери се обидуваа да го пресадат духот на француските институции, да сочувствуваат со страдањето на месното население во вителот на Големата војна, покажувајќи со него исклучителна солидарност во тешките мигови на егзистенцијата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Социјалната функција на ренесансната уметност, тогаш во служба на кнезовите и 50 okno.mk на градовите-држави, на пример, се содржи во интеграцијата, имено во создавањето групна солидарност во традиционална смисла.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа систематски ја поткопува солидарноста во семејството, а го нарекува својот лидер со име кое директно му се обраќа на чувството на семејната лојалност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се будат во овој народ извори на невидена солидарност во душите на луѓето кои ги создале клучните институции на човештвото дури во десетвековен континуитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Исѝ одос”, ќе се повика на солидарноста во името на Бога, ќе го заколне во споменот на Соломон, во Ерусалимскиот Храм, во Светијата на светиите...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)