Лели за инает, еден товар сол ќе јадам, ама не му се поклонувам.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ако може нешто да завлече, арно, ако не — барем бунгур и сол ќе сомеле, расолот ќе го преточи, пиперките. Сирењето, маста да ја види, да прецеди, преточи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тежок ми е, ама во лутината и вреќа сол ќе изедам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Да е Маса Ќулумоска, велам јас, со еден скрушец сол ќе го излекува. Со шепотење ќе го излекува, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Толку и сол ќе му треба за да го штавам.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)