сокак (имн.) - на (предл.)

Овие сокаци на пладне се тивки и мирни, па се чини, да не била некаква фатаморгана, она што можеше да се види и почувствува изутрината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Има три мали пенџериња (едното гледа на југ, на дворот и гумното, другото, западното, преку сокакот на авлијата и во портата Јаузоска, и третото гледа на север на сретселото: четвртиот, источниот ѕид е внатрешен и ја одделува одајата од другите простории во куќата која е сета на едно рамниште - приземна) и сите три се зарешетчени со железни прачки дебели колку прст.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше безизлен сокак на безизлезни граѓани.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)