Ако „Капали чарши“ е знаменитост на Истанбул, и ако во оваа чаршија се собрале трговци над трговците, сепак овие покриени сокаци кријат во себе и друга знаменитост, или реткост, која можеби е малку и неразбирлива за една современа трговија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)