Во виденијата што на ваков начин нѝ се нудат спаѓаат и непротолкуваните остатоци и заскитаните скаменети форми од дишењето на нашите претци, какви што белези среќаваме отпечатено на карпите па дури и на некои камења од оградите на нашите старински дворови во кои ги препознаваме белезите од дамнешното дишење на морето, ги прошируваше забелешките во врска со своите сознанија почитуваниот Седларски.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)