Посакав да ѝ го речам тоа, но нели, пред да сторам било што, требаше да ја замолам да се наведне за да ѝ ја дофрлам мојата намера во увото, но тоа се чинеше незгодно поради испитувачките погледи што го следеа моето однесување, а постоеше и оној личен проблем во моите мисли, што постојано го мотав и размотував, во него беше присутна Катерина; нели, таа секогаш ми идеше на ум иако преку некоја взаемна согласност ние практикувавме необврзувачка меѓусебна припадност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)