советник (имн.) - на (предл.)

А уште колку ќе биде дадено до конечното истребување на славо-комунистите и комунистичките банди како што има запишано во својот извештај генералот Ван Флит, кој е главен американски советник на режимот во Грција?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наместо тоа, тој се залага за идејата Соединетите Држави да ја продолжат војната против дрогата така што ќе се сосредоточат на борбата против причините, во што некои други земји успеале.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бендоу е бивши советник на Роналд Реган (Ronald Reagan) за внатрешна политика и виш соработник на Институтот Като (Cato) во Вашингтон (Washington).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа треба да ги исправи војничките глупости на Гетстапо и на СС кои направија вистински дар-мар, го организира она беспотребно злоставување на Евреите од градот под образложение дека се работи за претходна дисциплинска мерка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Колку?” - тивко прашува Јомтов Јакоел, правен советник на еврејската општина.  „Тоа е потешкиот дел од решението.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Проклетство”, помислува 45-годишниот советник на воената управа на Егејот, „треба одново да се навлекува онаа маска од добронамерност, тој сигурно влече делегација од Чифути со себе”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наеднаш сериозниот скочанет лик оживува и почнува да се насмевнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не сакаат ни да чујат за драхма помалку.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дома, во замолк, тој си признава, но само себе: така, може!  И пак: Ликот на Јомтов Јакоел правниот советник на Еврејската општина гледа од црно-бела слика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Луѓето од дружината наеднаш се почувствувале измамени по долгиот пат на кој коските на другарите биле патоказ од пекол в пекол - ги пречекува куп суви очи, никој не им подава рака, не ѕвони смеа на деца и не се слушаат женски извици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оделе претпазливо кон челната двоколка и не знаеле дали гологлавиот човек со попска мантија под кожувот е мудар советник на туѓоселани или е дневен грозоморник што им смислил стапица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оваа изложба, со која во голем дел беше исполнета мојата дипломатска мисија, покрај другото, ми овозможи и почести контакти со советниците на претседателот Жак Ширак во Елисејската палата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Види го ти него! Ме учи како да постапувам. Советник на послабиот пол!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)