Нејсе! Тогаш јас, реков веќе, ослободен и со чиста совест дека сум сторил сѐ што е потребно, решив да се поддотерам, да се потстрижам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Почувствував грижа на совест дека го зафаќам тоалетот поради тоа што беше еден за целото семејство и веднаш сиот се препотив и се стегнав, уништувајќи го резултатот од претходното туширање.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Веднаш зажалив што поставив такво прашање и воопшто што моите две тетки треба да имаат вакви незгодни средби само поради мене.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ме гризеше совеста дека не сум направила сѐ што можело да се направи, сакав да го вратам времето и поинаку да се грижам за тебе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Се случило така што некој поверувал и под притисокот на големата грижа на совеста дека поради него и таткото и мајката, и жената и двете малолетни дечиња страдаат, се вратил.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)