Едно попладне на крајот од тоа лето, Сара ме праша: „Зошто Зигмунд повеќе не доаѓа овде?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Следниот месец тој се пресели во една собичка во Виенската болница, во која веќе беше вработен, а еден месец потоа, на денот кога Марта наполни дваесет и една година, таа и Зигмунд се верија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)