собирање (имн.) - на (предл.)

А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Насилијата, зулумите што ги правеа авалеџиите при собирањето на давачките, го раздразнија Толета до немајкаде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговото преплетување со дејствието е многу посуптилно, се одвива со допирањето на храната, кое е причина за собирањето на гостите, и, најпосле, тој е оној што со гледањето го спасува барем споменот за страсната врска, по убиството на Љубовникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Србин и Шишман, како што ги учеше фелдфебелот долу во градот, се потрудија колку што можат, но испадна едно млако вкочанување и собирање на вратовите во рамената.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Деница беше назначена за кеш шефица, одговорна за собирање на парите и, по распределбата што ја утврдуваше Круме, лично да им ги предава на Илона, Авни, Ниротакис и Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
4. Заеднички множител или рекапитулација, т.е. собирањето на сите мотиви на песната во заклучниот стих.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„На мое големо изненадување, на задната страна од последниот лист на жизнеписот, се наоѓаше залепен со малку смола, колку да држи, самиот султанов ферман издаден на барање на Никола Спиро Поцо во врска со собирањето на даноците. Ферманот беше преведен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ете тогаш беше кога ми е даден ферман за градење на црквата и друг ферман за да се нареди да нема неправда при собирањето на џизието...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не е ретко, вели бегу, по собирањето на годишниот бериќет, ќајата на чифчиите да им одзема и од оној дел што ним им припаѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Собирањето на харачот мене вистински ме разболува, не можам да се занимавам со ништо друго,” рече по малку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И не од други причини, туку баш поради собирањето на харачот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Животот им се состои од собирање на празни лименки и стаклени флаши што ги мењаат у сооднос ”вреќа ѓубре за едно пиво”.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Граѓаните кои живеат во оваа улица резигнирано истакнуваат дека таквата состојба е резултат на индиферентниот однос на ЈП „Комуналец“ кое на овој дел од градот не врши редовно собирање на сметот од индивидуалните станбени згради, а нема поставено ни контејнери.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)