Се случува некој неспастрен минувач да му ја пресече песната на две. Се случува некој збрлавен собирач на училби звуци да му ги распавта сенките среде жегата.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Портата, пак, незаситлива и вечно сомничава дека Акиноските, заедно со собирачите на приходите, ја поткрадуваат, одново ги зголеми борачките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Собирачи на пердуви израснаа крилја во лекарска читална, надвишија кабинет по физика, за нишаа мала полициска станица и заминаа за Франкфурт.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
„Собирачите на пердуви“ беше име на филм кое го изговараа изворно српски професорите по филм - можеби една од причините за мојата заситеност од мелодраматичниот натурализам и неговата балканска традиција.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
На огледалото пишуваше: Собирачите на пердуви го прелетаа кабинетот по физика, обесија мала полициска станица и заминаа за Франкфурт.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Но изучи и книга, па го пуштаа во придружба на сокалникот, собирачот на соќето, данокот во натура, исто како да е попски син што не смее да стане меропхт.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако пак немаш насит, како што гледам, сакаш ли да си собирач на харач?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Уште при средбата со него во Долнец, забележав дека во него се кошкаат еден опсесивен собирач на голи факти и еден љубопитен посматрач на туѓите судбини, полн со емпатија.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А можеби во случајов стануваше збор и за една од симпатичните собирачки на сувенири за културните рубрики.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Цел ден, уште од утринава. Мислев, можеби веќе не сакам да бидам собирач на смет.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Градот ги отвори скриените тајни ноздри во своите црни ѕидови и еден силен вцицувачки вентил во телото на градот ги вовлече воздушните луњи низ внатрешните канали, низ густите филтри и собирачите на прав, до фината и треперливо прецизна низа на навивки и мрежи што блескаа со сребренеста светлина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)