собиралиште (имн.) - на (предл.)

Тој кажуваше работи за кои ќе беше подобро да останеа неискажани, читаше премногу книги, често ја посетуваше кафеаната „Кај костенот“, собиралиште на сликари и музичари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гордо исправената статуа на шмизлата поставена пред некогашното собиралиште на скопските курви ќе дава дополнителен стимул на нашите омладинки во која насока треба да се движат, то ест дека со газ, цицка, две три пијачки и бркање спонзор може високо да котираат во општеството со изгубени вредности.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За светот на културата и уметноста и за боемите, па од каде и да доле, главните собиралишта на „Монпарнас“ се познатите кафеани „Ротондо“, „Дом“, „Купол“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стариот „Ратхаус“, лајпцишката општина, беше собиралиште на сите странци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше собиралиште на маалските пијандури, коцкари и од контејнер извадени швалери, како попатна станица, во отприлика 5-от круг на Дантеовиот пекол.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)