собир (имн.) - на (предл.)

Како во полусон, поднаежен во тоа октомвриско пополноќие, веќе ми беше јасно дека не сум сред онаа фина обезбеденост и измазнетост на собирот на писателите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше тоа пред повеќе години, учествував на еден меѓународен собир на писатели во Измир.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На 2 септември 1961 година тој ќе присуствува во Белград на Собирот на неврзаните, на кој ќе биде поздравен како херој на деколонизацијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа е, како што самиот изјави на собирот на историчари на уметноста минатата година во Courtauld институтот, слика за „гужвите и архитектурата... огромно богатство, блескавост, предмети, светло... еден вид насликана енциклопедија на човековото движење, на материјалните животни задоволства, каде темата е периферализирана“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секој ден, Поетот, пред да излезе од празната одаја за која тврди дека е сцена на величествените собири на зборовите, извршува најдетална смотра на состојбата на лицето, на насмевката, и на сите делови од облеката (и покрај обичноста што веќе е спомната како карактеристика на неговото однесување).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Им го покажа и иконостасот работен во длабока резба, богат со орнаменти на фауна и флора, со позлата и со живописни икони: распетието Христово, Влегувањето во Ерусалим, Лазаревото воскресение, Раѓањето на Богородица, Собир на Архангелите и други светци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Одеше на театарски, драмски и оперски претстави, на концерти со симфониска и џез музика, на ликовни изложби и промоции на книги; а се подразбира, и на собирите на Друштвото на лекарите како и на семинарите што зафаќаа во неговата област.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да знаеше за враќањето на Чанга и собирот на плоштадот, сигурно ќе оставеше секаква друга работа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)