соба (имн.) - како (прил.)

МИТРЕ: Не знам богами, ама страшна пара донесол! (Зема цигара од табакерата која Анѓеле ја има оставено на миндерот пали и пуши, рашетувајќи се по собата како не токму во умот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Двајцата од луѓето ја фатија за раменици и за нозе и ја изнесоа од собата како вреќа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Фантазирав, затворен во собата како ембрион во плацента – магличавите слики низ кои се провлекуваше нејзината силуета, се враќаа од некој дамнешен, затворен сон.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)