Колку се среќни кутрите! ја заплисна собата нејзиниот восхит.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јанис ќе ни речеше да ѝ дадеме по колку што требаше пари и еден по еден одевме во дворот кај што беше собата нејзина; со секој од нас идеше Јанис и гледаше што правиме; на другите ништо не им беше, но јас тешко го поднесував неговото гледање: непријатно ми идеше кога ќе го видев крај мене како ме гледа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)