соба (имн.) - мој (прид.)

Напати ќе додадеше: „Ти порасна а јас почнав да се прашувам: каде исчезнало од собата моето дете? Затоа и оставам гласот да прошета. Некој за да ми се одѕве!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Би можел и да ја излечам собата моја напатена (само јас и вратата излезна знаеме за нејзиниот рак на ѕидовите): со три пати по еден женски врисок дневно, со четири пати по четири насмевки искрени, со песни, со гласови разни, со зборови...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кинески циркус Кинески циркус гостува во собата моја малечка.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)