Зигмунд ми ги покажуваше малите хотели на споредните улици, и ми кажуваше дека кај проститутките кои работат во нив доаѓаат луѓето од средната класа, или пак во истите соби млади луѓе од средната класа се среќаваа со своите сиромашни девојки, кои ги криеја од своите семејства, затоа што тие не би им дозволиле да се гледаат со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зигмунд ми кажуваше дека луѓето од најбогатата класа одат во јавни куќи кои се сместени во дворци, или пак издржуваат неуспешни актерки и балерини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)