соба (имн.) - по (предл.)

Ги гледа потсетувајќи се на онаа пеперутка што долго доаѓаше во собата по смртта на баба му Депа вртејќи околу светлоста на ламбата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги знам јас тие приказни од другарките што имаат поголеми браќа и сестри: седеле во своите соби по цел ден и божем учеле, а којзнае што читале и на што губеле време, па после кецови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја пребаравме целата зграда, соба по соба; цели ноќи, цела една недела посветивме на секоја соба одделно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)