соба (имн.) - нема (гл.)

Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија“ се применуваше и драконскага „валага“ та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
1. Една вечер, додека сѐ уште живеев на Големата Улица во Монро, ми дојде во посета Изаму Ногучи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во собата немаше ништо (ниту мебел, ниту слики).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изаму Ногучи рече, „Еден стар чевел би изгледал многу убаво во оваа соба“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некаде од голема далечина допираа слаби викотници на деца: во самата соба немаше никаков звук освен отчукувањето на часовникот што наликуваше на грепкање на инсект.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој лежи во студениот кревет. Стемнет, неизбричен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Есента изневери, избрза со студот. Во собата нема ќумбе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во собата немаше никого. Ѕирна во кујната. Празно. Се стрча во подрумот. Заклучан.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И една вечер, кога во собата немаше никој, се спушти низ прозорецот држејќи се за заврзаните чаршафи од креветот и кога се најде на тротоарот крај болничкиот ѕид, помисли дека тука ќе испушти душа, но пак нешто го поткреваше и го тераше да продолжи, да бега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Колку е прекрасно кога се будиш напладне, а во твојата соба нема ништо.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Си дополни од шишето што секогаш стоеше на масата кога во собата немаше никој освен него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се вратив назад, но во собата немаше никој, па излегов да ги побарам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Но веднаш молкна. Во собата немаше никого.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш бев многу неискусна. Секогаш ги мразев белите мантили.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше сама. Во собата немаше светло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
– Помеѓу мене, жените и Непознатиот во соседната соба немаше посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А сето време бев ангажиран со помислата дека Непознатиот го познавам, и дека се наоѓа негде овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потполна секреција. Никој не може да открие дека си ти во прашање.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И не треба да се плашиш. Во собата нема светло, нема ламба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во собата нема подобро место за криење.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)