соба (имн.) - има (гл.)

Не е скапо, а соби имаме за секого, и јадења, и море, и риби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не еднаш се покажало дека во преродените се кријат и одродени.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На таванот во хотелската соба има скришно пристаниште и бродски сирени кои не ви даваат око да склопите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некои се изјаснуваа и како анархисти, а во своите дневни соби имаа гарнитури од Луј 14.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На ѕидовите на коридорите и во самата хотелска соба имаше незатнати пукнатини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мојата соба имаше засебно купатило, а беше одделена од останатиот дел од станот со еден мал ходник Изабел ширум ја отвори вратата од мојата соба и ми објасни што сѐ има во неа, а потоа се повлече.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Собата има слузокожа. Понекогаш ми се чини дека водиме љубов во тројка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Во свечената соба има столче, - се навреди Алхен, - англиска столица.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само некои градинарски корита.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Брзо, Младене! Во собата има човек!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од едната страна на собата имаше една малечка мини-софа со везена прекривка во македонски народен стил, додека до неа стоеше подвижна масичка во ориентална форма.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во собата имаше земјен под на кој имаше черги во најразлични живи бои.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во собата имаше еден кревет, уредно наместен со превиткан чаршаф и ќебе, што Александар го потсети на планинското детско летувалиште во кое родителите редовно го испраќаа за време на летниот распуст.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во собата имаше четири телекрани, по еден на секој ѕид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден од ѕидовите од собата имаше вграден серген, таму можев да си ги обесувам алиштата и да ги спастрам моите ситни нешта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Газдата на хотелот ни кажа дека во таа соба има престојувано Џон Кенеди Џуниор. Колку беше убав Вермонт.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како не би се угушил од недистиг на кислород, у секоја соба има мало шалтерско пенџерче кое е забарикадирано со мрежа против комарци.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во спалната соба имаше два кауча. Не - брачен кревет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не си го средувавме ич лошо...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вујко ми, враќајќи се од својот бизнис и после илјадате свршени работи околу пумпата ми зборуваше за спортските „настани”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во неговата соба имаше, за украс, цели серии на картички, прикачени како ладала, како фрески, како гирланди...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сред собата имаше самоделски шпорет, в лево маса со по една дрвена клупа од двете страни, а зад вратата кревет прекриен со ложник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Кога сум сам се случува да ми се откачи по некој збор – се обидов да се приберам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Помислив во собата има некој - рече стражарот откако ја внесе низ вратата бушавата глава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само што тргнав кога човекот кој ми ја донесе теглата стана, ми пријде и ми кажа дека во соседната соба има клозетска шолја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наспроти тоа кога во собата имало само еден кревет, изгледало дека е “поблиску”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ама ќе видиш - во дневната соба има прекрасна палма, голем фикус и два филадендрона“ воодушевено зборуваше Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некаде пред утрото почна да врне. Нашата соба имаше само еден прозорец, висок и тесен и стоев крај него и го набљудував дождот како твори река на сребрени иглички.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние со Добрила Прилепчанката бевме во една куќа во центарот и поставивме стража на капијата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Среде собата имале огниште и Маре, како што ја држела во рацете Борка, ја испуштила и таа паднала со главата надолу во огништето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во собата имаше само еден кревет и гласавме кој ќе легне на него и се разбира, шефот ни го препушти на мене и на Добрила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во нашата куќа секоја соба има свое име, во зависност од нејзините карактеристики.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мојата е Собата на светлината, зашто е свртена кон југоисток па е најпрозрачната и најосветлената просторија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа јасно видов: собата имаше низок таван, ептен мали прозорчиња и земјен под.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)