соба (имн.) - влезе (гл.)

За среќа, во собата влезе синот медицинар кој, по долгиот ден поминат на факултет, беше дошол да види како е Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во ходникот се слушнаа нови, полесни чекори. Во собата влезе г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа време во собата влезе мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Околу пладне во собата влезе Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму, во тој миг во собата влезе Рада, облечена во народна носија од стариот крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во собата влезе пријатниот мирис на водена трева.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Вратата се отвори и во собата влезе Павле.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во собата влегоа тројца мажи, млади, крупни, со вкрстени редици преку градите, со пиштоли и ками во појасите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во осамената соба влезе животот наметлив и силен и зафати да го најавува своето присуство и своето право.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во собата влегоа лекарите. Ференц се поздрави со мене и ме праша: - Се познавате? Стари пријатели, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во собата влезе висок, сув и блед маж.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Додека така се занесував со прекрасни планови, слушнав дека во спалната соба влезе татко ми и бараше нешто во фиоките.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Некој сака да ве види,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Доктор Гете ми кажа дека си овде,“ рече. „Да. Овде сум.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа во собата влезе жена која при одењето се потпираше на стап.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако таа се тргна од вратата, во собата влезе брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас не се чувствував добро и лежев во креветот кога во собата влезе една од дежурните сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нѐ погледна и рече: „Ова не е соба за прва брачна ноќ. Што барате овде?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
В соби влезе уплашена сопругата на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)