Нејзиното сновење горе-долу го побуди во мене сомневањето дека во куќава се случува нешто необично, но дали долу, во месарницата, или во станот еден кат над нашата соба, не бев сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Она што се чинеше можно, па дури и веројатно, се сведуваше на заклучокот дека жената слегнува во месарницата бидејќи добитокот е премногу гласен и здивен; дека станарите се вознемрени; можеби на некој од погорните катови се одржува и состанок на куќниот совет па од таму доаѓаат барањата стоката да се смири.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)