Децата го чекаат снегот за санкање, возрасните за романтични прошетки, а оние со спортски дух за скијање.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Најтешка беше умирачката. Мртовецот се вадеше надвор извиткан во ќебе, зашто ни сандак можеше да му се направи, ниту на гробишта да се однесе, туку само му се правеше дупка во снегот во дворот и се оставаше тука за да не се смрди в куќи и да не се плашат децата; се забодуваше крај него висок стап со крст на врвот за да му се обележи местото: да се знае каде е ставен во снегот и да се најде кога ќе запре снегот за да се однесе на гробишта и да се закопа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мек снег за грутки и за во вратот, си велам, и одам сам по патот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)