XVI Кога сакавме да го видиме најубавиот и најголемиот снег во животот, се враќавме назад, длабоко во нашето детство од времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога ќе напаѓаше големиот снег во времето на детството, градот стануваше бел како во сказните, волшебен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тогш неизоставно во душите ќе им заклокотат далгите на Нева.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Можеби снегот во селото и на пристапите кон планината е уште повисок, па никој не може да се пробие низ него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Зошто не и тишина Зошто не и праг Што води во домот Слично на скали Што треба да нѐ одведат до прозорецот на душата Минуваме низ запален снег Во сончево јануарско утро Белината е кладенец Црешовите цветови Доаѓаат да се огледаат во него (Аџилак на нежноста.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тој ги претставува дисидентските односи на еден геј-субјект кон главнотековното родово кодирање на стандардните културни вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
О’Хара тука ја присвојува амбиенталната мелодраматичност на конвенционалниот новинарски дискурс – со неговите изнасилени наслови што привлекуваат внимание, со запенетата фасцинираност од животите на јавните личности и на ѕвездите и со возбуденото чувство на драматика што го внесува во известувањето за тековните настани во вестите – за да го воспостави сопствениот дисидентски однос кон главнотековните жанрови, дискурси и културни облици што ја дефинираат конвенционалната хетеросексуална мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Песната излезе во неговата збирка Песни за ручек во 1964 година.369
Лана Тарнер паднала!
поттрчнував и наеднаш
ете заврна и заснежи
а ти рече дека паѓал град
но град те мава по глава
силно, па затоа сепак снежеше и
врнеше и толку ми се брзаше
да се сретнеме, но сообраќајот
беше баш ист ко небоно
и одеднаш гледам наслов
ЛАНА ТАРНЕР ПАДНАЛА!
нема снег во Холивуд
и нема дожд во Калифорнија
на многу журови ме имало
со поведение крајно срамно
но не ми се случило да паднам
о, Лана, те сакаме станувај.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зборувам за една песна од Френк О’Хара, геј-поет кој одигра средишна улога во формирањето на таканаречената њујоршка школа на поети, сликари и музичари.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш, за сепак да си го задоволам „гладот“, натрупав снег во моја висина и самиот си ја обликував главата со сѐ качкетот, и телото до чевлите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зедов лопата и натрупав снег во висина од шеесет до седумдесет сантиметри, онолку колку што беше висок Стефан, внукот на мојот пријател.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Ако постои“, си помисли со подзатворени очи, оти сега ветрот му дуваше цели грстови снег в лице, „зошто ли толку нè казнува?“
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
По тоа колку се распознаваа стапалките Змејко сега лесно можеше да погоди дека самјакот беше поминат тука неодамна, најмногу пред два часа, додека се зазорувало и додека се ронеле ретките снежинки; тоа можеше да се види добро во оној лесен слој наврнат снег во стапалките, и по сета изоставена ира од обете страни по снегот, поминувајќи по кој оној таму веднаш и се капел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чекореше по него, вардејќи да не се заздишува; тоа во оваа утрина му беше потребно повеќе од сè друго, додека се искачуваше меѓу сивите контури на столетните стебла, полека и цепејќи го снегот во една права линија нагоре по стрмната странка, често застанувајќи да се смири.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стигнаа уште дури имаше снег во Вишеград.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Копаа додека не најдоа една широка и длабока жица од камен што беше појадар и побел од оној со кој е граден вишеградскиот мост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Заостанато парче снег во градината светка како слепо око.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ми се виде млада, достоинствена, цврста, како во некогашните времиња, кога беше вистинскиот столб на куќата, врз која сега беше нападнал најголемиот снег во градот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ме сковал ледот И мене и брегот, во тешка зима Ме гуши ледот, ме леди снегот Во леден свет од мори и чуда.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Убаво е да се чекори по посланиот снег во празнична безделница.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Тага
Ја сонував дамна, расцутен снег во измаглица
во мирисот на душата пресувана, во бол задишена
таа неземно што ме запиша на скитничките лица,
оти некогаш ме видела осамена, од смртта лишена.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вкусот му беше како лен и снег во исто време.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А ти бараш од мене да излезам на снег во куси ракави.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сите викавме, а по некое дете и ќе се расплачеше од неочекуваниот снег во вратот, некоја мајка ќе се возлеше, некој татко ќе подвикнеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Зашто снегот беше ровок, не можевме да правиме грутки и да се тепаме, но се бркавме по неразгазеното, се куткавме во снегот и кој кому можеше снег во вратот му пикаше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се прошарале рудините на Заилски Алатау, блескоти нестопениот снег во засеците, како потквасено млеко.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)