После тие ги тресеа со метлата и своите ќуркови, во чија волна на јаките снегот беше така впиен, што можеше да биде исчистен само кога ќе се стопи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Снегот беше висок, до појас. Сѐ, сѐ тој имаше згмечено, покриено.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Снегот беше замрзнат и чкрташе како ѓаволот под неговите чекори. Тоа траеше дури не навлезе меѓу дрвјата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Грижите не ѝ дозволуваа да ја замајуват споредни мисли, снегот беше и тука пред влезот до колена, а дрвата добиени преку социјални грижи што останаа зад баба Петра беа крај оградата на фабриката, до самата куќичка на Мурџо.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Така, едно време, сред зимата, кога божикните снегови беа станати и секое утро тревникот го поткопуваше мраз а дневното сонце го раскалуваше, на местото во еден агол од дворот каде што ја оставаше покосената трева, најде легнато едно изнемоштено жолтеникаво куче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таму горе, на врвот на нејзиниот покрив, белината на снегот беше разјадена и црна само на местото каде што беше оџакот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Снегот беше повисок, отстрана, неколку пати од „мерцедесот“. Патот не се гледаше.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)