Макар што долго време минав на подготовките во СИП, како и во воената школа во Бањица кај Белград, бев свесен дека нема никакви рецепти за дејствување, за снаоѓање во вакви ситуации.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Институциите се, значи, само снаоѓање во обидот да се надвладее природната наклонетост на човекот кон насилство.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Го изоструваше и сетилото за гледање, за снаоѓање во темница, одејќи со раширени зеници низ мрачната соба и алкајќи со рацете пред себе за да не се удри во некој предмет и одејќи со меки чекори како мачка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Наспроти постоечките историскоуметнички поделби, создадени за снаоѓање во културната традиција, одредувањето на диферентиа специфицае на Дишан-овиот прилог кон таа традиција и понатаму останува недовршена работа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)