Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ја зедов машината за пишување и почнав, истрпнувајќи во снагата од некој студ што доаѓаше не однадвор, зашто надвор беше врело лето, туку одвнатре.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога го заробија непријателските војници и кога со другите заробеници го построија крај брекчето да го стрелаат, тој од селото, долу под брекчето, чу свирење на гајда и почнаа трпки да му врват по снагата од возбуда.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И нѐ положија жедни крај плисоците вода и нѐ завртија по снагата од браќа ни живи да се јадеме дури други храниме.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)