Тие му расказале, како од снаата ќе се родело дете, како ќе го крстеле Петко, како ќе го повијале и ќе го кладеле да лежит на к'тот; и најпосле, како теслата, шчо била на полицата, ќе паднела над него, та ќе го оперела Петка, и ќе умрел - та затоа тије ушче отсега го т'желе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Прво: снаата ќе донесе безброј бакшиши што и накупувал бегот дури била кај него; ќе ги донесе парите што и ги давал при секое пијанство кога го служила и кога ја погалувал; ќе донесе руба направена од него, а уште повеќе: бегот си останува и понатаму нејзин побратим.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Се м'чиме да го качиме магарево на полесоков, за да ја испасит тревана - му одгоориле - туку никако не можиме.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Тије не се сено, та да и соберите и крените со вили?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)