снаа (имн.) - мој (прид.)

- Снао моја Трајанице, ќерко моја Јаглике, откако се разделивме од тебе, а набргу се раздели и со тоа момче - безвреме сретнато се плашев душичево ќе изгори и по тебе, и по него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ќерко моја, снао моја Трајанице, гледај, пламна огнот врз нашето огниште...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ти секогаш си ми умна, снао моја, како што е редот. И кроце одиш, и тенко предеш.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ајде, снао моја Трајаница - и оваа умирачка ми била пишана пред да ми дојде редот... и рацете да ѝ ги крстосаме, и твоето крсте, и стракчево ангелика - ангелите да ја вардат таму кајшто безвреме си заминала... сѐ така си мрмори баба Петра, небаре кажува молитвени зборови...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Седни, снао моја, софрата да ми е целокупна - ѝ вели свекорот Петре.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Снао моја Трајанице, ќерко моја Јаглике, од збор до збор ти кажувам - така ми има речено Ѕвезда наша - насон ми има речено - ама небаре најаве било - па спружив раце да си ја прегрнам - ама јавето било лажовно..
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)