Зашто вакви и многу поблаги јавно изречени алузии за режимот, партијата, класите, социјализмот, беа незамисливи за сите смртници во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
За дел од секундата времето во универзумот застана, кога погледите од длабочините на душите на двајца смртници во кулоарите на хаосот и хармонијата се претвори во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)