Слободен е само оној човек кој на смртта ќе ѝ се спротистави!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да, само оној кој апсолутно верува дека и по смртта ќе постои може со таква надменост да им говори за смртта на оние на кои им го доделува непостоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само, дозволи ми и јас да ти доделам нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чекаа да видат како смртта ќе дојде да го однесе лично „ѕвезданиот бик“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Трипати умирав. Трипати смртта ќе ме свиткаше, ќе ме однесеше, ќе ми го земеше умот, ќе ме земјосаше, ама земја не ме стори.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И сега смртта ќе ја прелажам, умирачката. Ќе ја премавнам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А ти сега ни кажуваш дека сме избавени ако поверуваме во Радосната Вест и ако се покаеме.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И секому во смртта ќе му се пресече колку што самиот си измерил во животот свој.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Претпоставувам дека после животот што ќе го потрошат во пишување, во смртта ќе го читаат напишаното и ќе го корегираат сето она што ќе го сметаат за лошо пресликување на животната стварност.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И животот со смртта ќе се размине...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сиреч, сѐ ми оди оттаму и смртта ќе ми дојде оттаму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Младата жена нежно им го предала детето в раце на своите јатрви и го фатила патот под нозе, сама со таблата на глава и со судбината на врат, како осветен медалјон, невидлив за луѓето, на кој само од Господа било испишано со каква смрт ќе умре и на кое место од неговото небо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потем на коленици се довлечкал до браќа си, преколнувајќи ги да се смилуваат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
За чубур крв смртта ќе штрека со голите заби нечуен акорд, за крв и за куп жили и за коски подземјето со татнеж ќе ја разгласи хероиката на непостоењето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Марија е Марија, и првата и втората, мојата смрт ќе е занив здодевна реприза - докторот Мрак за нив умре.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Нечија смрт ќе нè потресе, некоја друга, што се случила во истиот момент и во слични околности нема ни да ја забележиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа ти се тие горчливи поигрувања на реалноста - многу уверливо разлагаше Б.С. а потоа повторно ме упати на веста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Едно случајно стракче црвенило, какви на илјада секојдневно ги прескака видот, одеднаш го возбудило човека поради својата автономност среде житото, поради фактот, значи, дека само во смртта ќе бидеш автономен...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И уште - во раце ли ја држиш - смрт држиш, на скут ли ја држиш - смрт на скут држиш, на колена ли ја држиш - смрт на колена држиш, низ нејзината цевка ли ќе погледнеш - смрт ќе видиш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
— Сакам да се навикнам на молчење, вели, по смртта ќе немаме друга работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Подобро да умрам, си велам, барем смртта ќе ми биде олеснителна околност пред историјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Со мојата смрт ќе им го фрлам на моите непријатели, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Основна причина што Орце, Коста, Мечето, Илија и Владо инсистирале да се гине по секоја цена била таа што тие сметале дека со својата смрт ќе ја афирмираат повеќе борбата за слобода на својата татковина отколку што тоа би го направиле со уривањето на згради и фрлањето на динамитни бомби по солунските улици и убивањето на непријателски војници.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пред неколку месеци отидов во Осигурителното друштво “Њујорк“ и се осигурав на 10.000 златни франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде исплатена.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)