смрт (имн.) - од (предл.)

И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Хаџи Ташку не моли само кај властите за да го заштитат од смрт од нас, тој и нѐ клевети и потплаќа злоден против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Избркај ја смртта од сонот. Не верувај им на зборовите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Знаеш, ако некој е за чистење, сакам да речам осуден на смрт од тукашната управа, тука не смее никој да го гибне.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Форензичарите констатираа смрт од задушување. Во грлото му најдоа заглавена буква од фиде. Буквата „Њ“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)